Со новата година доаѓаат и нови стилови за косата кои, како и во минатите сезони, ќе бидат инспирирани од природниот изглед. Значи, волуменозна, бушава и малку прекршена коса е императив што ќе израдува многу дами кои се во потрага по едноставен начин за освежување на изгледот.
Секако, имајте предвид дека здравата и сјајна коса и понатаму е предуслов, па погрижете се таа да биде негувана. Така и фризурата ќе изгледа добро на вас.
Лоб-фризура, ама малку бушава
Лоб-фризурата е еден од најголемите трендови во изминатите неколку години. Сега е во потполно поинаков облик, кој се однесува на самата текстура на косата, како и на нејзината должина. Фризурата изгледа како косата малку да пораснала, односно дека сте заборавиле да отидете на шишање.
Со косата чијашто должина е до рамениците, со кркмите кои се доволно долги да се поделат на средината на челото, овој помалку необичен облик изгледа неуредно, диво и смело, а веќе го прифатија и многу познати дами.
Многу долга коса

Конечно, убава вест за сите љубителки на долгата коса, која изгледа природно како да доаѓа од ерата на хипи. Иако негуваната коса е многу важен фактор за сите фризури, бидете уверени дека кај долгата коса тоа најмногу се забележува.
Суптилно прекршена

Природните фризури без премногу гламур ги оставаме зад себе. Овие кадрици се прават со помош на преса за коса. Издвојте перче, намотајте го околу прстот и кренете го во височина. Потоа земете преса и намотајте го перчето. Не виткајте ги краевите за да добиете посуптилен изглед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


