| четврток, 6 декември 2018 |

Боб-фризурата повторно е во мода

bob-frizura

Оваа про­лет глав­на фри­зу­ра е боб-фри­зу­ра­та. И тоа се­ка­ква, кра­тка, дол­га, рам­на, аси­ме­трич­на, важ­но е да е боб-фри­зу­ра.

Ова е ед­на од оми­ле­ни­те фри­зу­ри на же­ни­те за­тоа што ре­чи­си не­ма же­на на ко­ја не ѝ при­ле­га, од­нос­но таа е до­бар из­бор за се­кој об­лик на ли­це.

Ако не­ко­ја фри­зу­ра би тре­ба­ло да ја по­не­се ти­ту­ла­та нај­раз­но­вид­на и нај­по­пу­лар­на оваа го­ди­на, тоа де­фи­ни­тив­но е боб-фри­зу­ра­та. Мно­гу поз­на­ти да­ми во пр­ви­те ме­се­ци на оваа го­ди­на ре­ши­ја да ја скра­тат ко­са­та, а не­кои ја не­гу­ва­ат по­ве­ќе се­зо­ни. Ка­ква и да е, боб-фри­зу­ра­та по­втор­но е во тренд и се но­си оваа про­лет и ле­то.

bobo 2014 proljece02

Боб-фри­зу­ра­та има мно­гу ва­ри­ја­ции, мо­же да би­де кра­тка или дол­га, си­ме­трич­на или рам­на или, пак, пот­пол­но аси­ме­трич­на и сте­пе­на­ста, со дол­ги или кра­тки крк­ми. Тоа зна­чи де­ка ако ви здо­де­а­ла фри­зу­ра­та, мо­же да ја про­ме­ни­те и мо­ди­фи­ци­ра­те за да не би­де­те по­сто­ја­но исти.

Оваа фри­зу­ра е со­од­вет­на за тие што има­ат тен­ка ко­са. На тр­ка­лез­но ли­це од­го­во­ра по­дол­га боб-фри­зу­ра, до ра­ме­ни­ци. До­бро ќе изг­ле­да­те ако има­те и по­дол­ги крк­ми, ис­чеш­ла­ни на стра­на.

bobo 2014 proljece11

На тие со ли­це во об­лик на ква­драт, по­ве­ќе им при­ле­га сте­пе­на­ста боб-фри­зу­ра, на­пред по­дол­го, од­за­ди по­ку­со. Ко­са­та мо­ра да би­де по­дол­га три до пет сан­ти­ме­три од бра­да­та. Боб во дол­жи­на на бра­да­та не е до­бар из­бор за­тоа што та­ка до­пол­ни­тел­но ќе се наг­ла­си агол­но­ста на ли­це­то.

Боб-фри­зу­ра со рам­ни крк­ми нај­до­бро од­го­ва­ра на овал­но, ср­це­вид­но или на из­дол­же­но ли­це.

За тие што има­ат ка­дра­ва ко­са се пре­по­ра­чу­ва сте­пе­на­ста фор­ма на ко­са­та.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top