Најстудено изутрина во осум часот е во Берово, каде се измерени минус 16 степени Целзиусови, а најмногу снег има во Маврово, каде снежната покривка е 72 сантиметри. Педесет и четири сантиметри снег има во лазарополе, 50 во Пожаране, 44 во Ѓуриште, 34 во Крушево, 33 во Тетово…., информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)
Минус 13 степени се измерени во Битола, минус 12 во Маврово, минус 11 во Пожаране, минус 10 во Струмица, минус девет степени во Куманово и Крива Паланка, минус осум во Тетово, Дебар, Виница, Ѓуриште, минус седум во Прилеп, Тополчани, Лазарополе, минус шест во Крушево, Скопје и Штип, минус пет во Демир Капија, минус два во Дојран и Претор, минус еден во Гевгелија, а нула степени во Охрид.
Според прогнозата на (УХМР), времето денеска ќе биде претпладне сончево со мала облачност, а само некаде наутро во котлините ќе биде магливо со ниска облачност. Ќе дува слаб претежно североисточен ветер. Во пладневните часови ќе има почести сончеви периоди. Попладне облачноста од југозапад ќе се прошири насекаде. Во ноќните часови ќе започнат врнежи од слаб снег од југозападот на земјата. Температурите од еден до пет степени.
Во Скопје претпладне ќе биде магливо со ниска облачност во пладневните часови со сончеви периоди, а попладне претежно облачно. Ќе дува слаб претежно североисточен ветер. Попладне облачноста од југозапад ќе се прошири насекаде. Температурата до еден степен.
Денес од ноќните часови, а потоа и во вторник и до среда до крајот на денот ќе има повремени врнежи претежно од снег со слаб, а кон југозапад и кон југ и со умерен интензитет. Во вторник преку денот на југоисток повремено врнежите ќе се од дожд. Во вторник и среда утринските температури малку ќе се покачат, а потоа од четврток утринските температури повторно ќе опаѓаат, а кон викендот ќе има се повеќе сончеви периоди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.