Ракометнта репрезентација на Хрватска го оправдаа епитетот на фаворити во осминафиналниот дуел со Египет, и славеше со 21:19 и се пласираа во четвртфиналето каде ќе ги одмерат силите против селекцијата на Шпанија.
„Коцкестите” фуриозно го започнаа мечот и поведоа со 12:5, а на полувреме заминаа со предност од шест гола (13:7). На стартот од вториот дел, Египет направи обид да се врати во мечот, со серија од 5:0 но потоа Хрватска повторно додаде гас и обезбеди солидна предност за мирно да го заврши овој натпревар.
Златко Хорват беше стрелец на шест гола за Хрватите, а Лука Циндри постигна пет погодови и беше проглсен за играч на натпреварот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.