| четврток, 6 декември 2018 |

Од Севница со љубов: Словенците направија папучи „Белата куќа“ и ѝ испратиле чифт на Меланија

Фабриката на папучи “Kopitarna”од Севница ги изненади купувачите со престижната линија која ја нарече “Белата куќа”, со јасна алузија на Мелани Трамп, која е родена во овој словенечкиот град.

Словенечките медиуми пишуваат дека од “Kopitarna” овој ексклузивен модел ѝ го испратиле на првата дама на САД, пренесува Хина.

Колекцијата е направена во ограничен број. За потрошувачите се уште не се во редовна продажба, но може да се нарачаат од производителот.

Колекцијата елегантни папучи во крем и виолетова боја ги креирала дизајнерката Маја Штамол

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top