| четврток, 6 декември 2018 |

Утре корекција на цената на горивата

Наредната корекција за цените на бензинот е закажана за утре. Со последната одлука на Регулаторната Комисија за Енергетика, по празничниот период, бензините поскапеа за половина денар, цената на дизелот не се смени.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, литар ЕУРОСУПЕР БС 95 се продава за 67 денари а ЕУРОСУПЕР БС 98 за 69 денари.
Цената на дизелот не се смени, и тој и натаму се точи за 53,5 денари по литар.
Не се смени ниту цената на Екстра лесното масло за домаќинство кое и натаму чини 42 денари за литар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top