| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски на театарската премиера на Абаџиева во Драмски (ФОТО)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со сопругата Боркица вчера вечер присуствуваа на премиерата на преставата Франкенштајн – Алхемија на животот“ на режисерката од Бугарија Лилија Абаџиева, работена според романот на Мери Шели „Франкенштајн или новиот Прометеј“.

Романот „Франкенштајн или новиот Прометеј“, на Мери Шели е готска романтична приказна, која раскажува за утопијата, старата желба на човекот да „одземе“ од функциите на Бог и сам да може да твори и да создава живот. Возможно ли ќе биде, остварлив ли е сонот на Виктор Франкенштајн да му даде душа на едно суштество, кое го „склопува“ од различни тела во својот анатомски театар. И дали простите, на прв поглед, желби на тоа суштество да стане дел од овој свет ќе се покажат едноставни за да се реализираат. Ќе може ли да ѝ одолее на неподносливата самотија на која е осуден поради својот страшен и одбивен изглед. Дали ќе можеме ние, раскажувајќи една од големите истории на романтизмот, да стигнеме до прашањето за божественото и демонското во Човекот и што е тоа кое го тера да живее во невозможната амплитуда на високото и ниското, на доброто и злото.

Дали би можеле во современиот свет каде секој од нас го живее сонот на романтиците за правото на индивидуалност, за правото да бидеш личност, да се вратиме назад кон големите прашања за смислата, за душата како честичка од Бога внатре во нас и респективно да успееме да ѝ ја доловиме на публиката таа врска помеѓу епохата на романтизмот и сегашноста. Тогаш ја немале слободата на личноста и индивидуалната слобода, која денес секој ја поседува, до степен што не ја вреднува. Но, што сме убиле во себе си? И каков е новиот романтичен утописки идеал? Ако „Франкештајн“ не нé натера да се загледаме во себе и да си ги зададеме прашањата за тоа каде по патот сме го загубиле духовното и кои се современите пронајдоци кои осудуваат на принудена самотија на душата и телото, тоа би значело дека погрешно ја сфаќаме целта на уметноста и респективно на театарот – се прашањата што ги загатнува режисерката Лилиа Абаџиева.

Директорот на Драмскиот театар, Роберт Вељановски во најава на претставата „Франкенштајн #Алхемија на животот“ рече дека сака да прави ’германски театар со македонска емоција‘, и дека токму таква врвна претстава добил со авторската поставка на режисерката Лилиа Абаџиева.
gruevski teatar (1)
Во преставата играат познати актерски имиња како Игор Стојчевски, Зоран Љутков, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Благица Димитровска, Филип Трајковиќ,  Александар Степанулески, Соња Стамболџиоска, Димитрија Доксевски, Гордана Ендровска и Наталија Теодосиева. Режисерката Абаџиева е автор и на сценската адаптација, музичката подлога и кореографијата, а сценографијата, костимографијата, мултимедијата се на Васил Абаџиев.
gruevski teatar (5)
На премиерната изведба присуствуваа повеќе позати личности од политичкиот, уметничкиот свет, од сферата на музиката и театарската критика. Груевски кој не ја пропушти изведбата на оваа театарска сензација, важи за голем почитувач на  театарската уметност.
gruevski teatar (3)
gruevski teatar (2)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top