Градоначалникот Славчо Чадиев со неколкумина вработени во Општина Велес денеска однесоа хуманитарна помош за жителите од велешкото село С`лп. Помошта се однесе откако тие вчера алармираа дека залихите со храна им се при крај.
Пакети со храна добија сите 27 жители кои во моментов се во селото. Во рамки на хуманитарната акција се однесоа вкупно 15 пакети од основни прехрамбени продукти. Пакетите беа поделени во три категории. Најмногу храна имаше за седумчленото семејство, додека останатите беа за домови во кои има по едно или две лица.
Вкупно 37 килограми грав, исто толку ориз, 38 литри зејтин, 38 килограми брашно, 16 килограми шеќер, 53 килограми макарони 76 супи и млеко содржеше денешната акција. Тоа се доволни количини на продкукти за наредниот период. Но доколку има потреба жителите може повторно да се јават.
Денешната акција се реализираше заеднички и координирано. Пакетите се однесоа со воз до железничката станица „Рајко Жинзифов“. Таму ја превзедоа мештаните кои со магариња ја однесоа во селото.
Пристапниот пат за ова населено места поради големите снежни наноси е непрооден. Тој е „црн пат“ кој не е трасиран и неговоро пробивање е исклучително опасно, затоа што по целата делница од едната страна има провалија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.