Модерниот стил на живот со себе донесува и бројни здравствени компликации па така и појава на нерамнотежа во цревната флора. Исто така, брзата храна, внесот на големите количини шеќер и брашно, стресот и лесното препишување антибиотици никако не им помагаат на нашите црева.
Најчеста инфекција кај прекумерното размножување на лошите соеви на габички е онаа предизвикана од кандидата. Таа ги напаѓа ноктите и кожата, а страдаат и оралната, вагиналната, уринарната и аналната слузница. Исто така, може да ги нападнe и белите дробови и бронхиите.
Најчестите сиптоми ја вклучуваат силната желба за слатко (бидејќи со тоа габичките се хранат), грдиот здив, белите наслаги на јазикот, подуеноста и гасовите (особено по јадењето), честите настинки и алергии, сувата слузница, лошата циркулација, хемороидите, запекот или проливот и вагиналната инфекција.
Како да се борите со кандидата?
-Можете да ја изгладнете габичката со скратување на храната со помош на диета.
-До крај е можно да ја уништите со антифунгални (антигабични) препарати.
-Потребно е повторно да изградите здрава цревна флора со помош на храна богата со пробиотички бактерии.
-Супата од коски е голем сојузник во борбата со кандида.
-Да го зајакнете имунитетот.
Најчесто се препорачува диета која ги исклучува белото брашно и шеќерот, но содржи брашно од цели житарки и ориз. За жал, таа диета не е делотворна, бидејќи сите житарки се состојат од скроб кој е, всушност, чиста гликоза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
(Вознемирувачко фото) Докторка од грчките плажи апелира: Никако не смеете да го правите ова
-
Кандидата живее во нашето тело: Овие фактори предизвикуваат прекумерно размножување
-
Сите родители да го прочитаат: Ова е тивок убиец кој секое девојче го носи на себе (видео)
-
Била совршена додека не ѝ ги видел стапалата (ФОТО)