| четврток, 6 декември 2018 |

Ќерката на сопственикот на „Алфа“ ќе глуми ќерка на Пирс Броснан (ФОТО)

Холивудскиот актер Пирс Броснан веќе неколку недели е во посета на Балканот каде ќе го снима неговиот нов филм „Ноемвриски човек“ („November Mаn”) . Покрај одбирањето на локациите, продуцентите на филмот беа во потрага и по актерката која ќе ја глуми ќерката на поранешниот Бонд.

cerka1txt

Како што пренесуваат српските медиуми, таа чест ќе и припадне на Тара Јевросимовиќ, ќерка на познатиот српски бизнисмен Веселин Јевросимовиќ, кој е сопственик на македонската телевизија Алфа и претседател на компанијата „Комтрејд Груп“.

„Ноемвриски човек“ ќе се снима во Србија во следните два месеци, а според српскиот портал „Телеграф“, тринаесетгодишната Тара оваа улога ја добила поради неоспорниот талент и перфектното познавање на англискиот јазик.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top