Кошаркарите на Голден стејт ја потврдија добрата форма и го победија Хјустон во гости 108-125, што е еден вид на реванш за поразот во првиот меч на двете екипи во Оукленд. Кевин Дурант со 32 поени, Стеф Кари со 24 поени и Клеј Томпсон со 16 поени беа на висината на задачата.
Бруклин неочекувано лесно славеше на теренот на Њу Орлеанс со 114-143. Бојан Богдановиќ постигна 23 поени и е најзаслужен за прекин на серијата од 11 порази по ред за екипата на Бруклин.
Филаделфија, благодарение на Роберт Ковингтон и тројката на четири секунди пред крајот на мечот, забележа победа против Портланд со 93-92. Ковингтон со 22 поени и Ерсан Илијасова со 24 поени беа најефикасни поединци во победничката екипа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.