| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп: Власта ќе му се врати на американскиот народ

Доналд Трамп во денешниот говор вети дека како претседател на САД ќе ја префрли власта од Вашингтон на американскиот народ.

– Доволно долго време мала група во главниот град имаше придобивки од власта, народот ја плаќаше цената, посочи Трамп.

Тој додаде дека додека „тие празнуваат во Вашингтон, оние кои се борат да преживеат со своите семејства во целата држава нема повод за празнување“.

– Тоа ќе се промени од овој момент, бидејќи тоа е Вашиот миг. Тој Ви припаѓа Вам. Ќе ја префрлиме власта од Вашингтон кон Вас, народот, нагласи Трамп во говорот откако положи заклетва на Капитол хил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top