Најдобриот тенисер на сите времиња Роџер Федерер и во поодминати години покажува дека е во самиот тениски врв.
Тој во рамките од третото коло на Австралија опен во последниот денешен натпревар, буквално го збриша Томаш Бердих победувајќи го со максимални 3-0 (6-2, 6-4, 6-4) во сетови. Федекс фуризно го почна мечот во првиот сет направи два брејка и во ист стил продолжи и со следните два.
Бердих денеска во Мелбурн не беше дораснат противник за Швајцарецот и мораше да го признае поразот.
Во четвртото коло Федерер ќе се сретне со незгодниот Јапонец Кеи Нишикори кој, исто така, во три сета, со 6-4,6-4,6-4, го елиминираше словачкиот тенисер, Лацко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.