Актерот Александар Микиќ ја освои наградата за најдобра улога во претставата „Ах, љубов моја“ на Театар Комедија од Скопје, кој учествува на фестивалот на комедијата „Мостарска лиска“ што деновиве се одржува во Мостар.
Босанските медиуми пренесуваат дека публиката била одушевена од настапот на македонските актери. Според порталот „блјесак.инфо“, „претставата на Коле Ангеловски собрала голем број посетители и вљубеници во театарот и по два часа во салонот на Народното позориште видно задоволни ја напуштиле салата.
За Театар Комедија ова е второ учество на фестивал, по промоцијата во Трабзон пред неколку недели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


