| четврток, 6 декември 2018 |

Сите го чекаат утрешниот ден 20-ти јануари, поради пророштвото на Баба Ванѓа!

Слепата пророчица Баба Ванѓа заради едно од нејзините предвидување дека „Барак Обама ќе биде последниот американски претседател” денес е главна тема во голем број странски медиуми. Daily Mail исто така потсетува дека Ванѓа го предвиде нападот на Светскиот Трговски Центар во 2001 година и наглото зголемување на исламска држава.

Ванѓа, исто така, наводно, имаше предвидено и дека 44-от претседател на САД ќе биде Афроамериканец, но не е јасно што тоа значи, кога таа вели дека тој ќе биде последниот американски претседател. Страница Prophecies (Пророштва) пишува дека Ванѓа почина во 1996 година на возраст од 85 години, и нејзините предвидувања се покажаа како точни во 85 отсто од случаите.

Затоа, според пророштвата на баба Ванѓа 44-от претседател на САД ќе биде црнец, и ќе биде последен. Таа рече дека во времето на неговиот влез во Белата куќа, светот ќе биде зафатен од огромна економска криза.

-Сите ќе се надеваме дека тој ќе придонесе за крај на кризата, но напротив, ќе се случи спротивното. Тој ќе ја води земјата до дното, а конфликтот на север и на југ ќе се зголемува- рече таа.

Таа зборуваше за лицето на Месијата, но не каже многу за тој миротворец кој ќе се стави крај на војните и ќе потпише постојан прекин на огнот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top