Забрана за сообраќај за тешки товарни возила е воведена на планискиот превој Пресека, информира ЈП Македонија пат.
Забраната е воведена во 18 часот.
Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Маврово, Пресека и Ѓавато, информира диспечерскиот центар на ЈП „Македонија пат“ во извештајот за состојбата на патиштата во 18 часот.
Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица Делчево, Виница Берово, Гостивар Стража, Маврово–Дебар Струга, Демир Капија – Удово, КатлановоВелес, Крушево Демир Хисар и Ресен Буково. ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.