Уставниот суд на денешната седница го укина членот 144 од Законот за судска служба, кој се однесува на доставувањето докази за познавање странски јазици и работа со компјутерски програми за канцелариско работење од страна на судскиот службеник.
Судскиот службеник кој засновал работен однос во судот заклучно со денот на започнувањето со примената на овој закон, треба да достави докази за познавање на странски јазици и познавање на работа со компјутерски програми за канцелариско работење, соодветни на неговото работно место, се пропишува во ставот 1 од членот 144.
Во истиот член од Законот за судска служба, во ставот 2, исто така, се пропишува дека судскиот службеник кој нема да достави докази за познавање на странски јазици и познавање на работа со компјутерски програми за канцелариско работење ќе биде распореден на работно место за една категорија пониско од работното место на кое бил во моментот на влегување во сила на Законот, освен судските службеници кои на денот на отпочнување со примена на овој закон биле распоредени на работно место на влезните нивоа.
Судот денеска ги отфрли иницијативите поднесени на членови од законите за средното и за основното образование, кои го регулираат екстерното проверување на постигањата на успехот на ученикот. Во иницијативите се бара укинување на екстерното оценување, потоа ова оценување да не влијае на општиот успех на ученикот, како и на тоа наставниците чии резултати од испитувањето ќе покажат отстапување во оценувањето да не бидат отпуштени од работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уставниот суд на 19 септември ќе ги разгледува иницијативите за поништување на одлуката за распишување на референдум
-
СМК поднесе инцијатива до Уставен суд за поништување на одлуката за референдум
-
Уставниот суд ќе постапува по одлуките на Аеродром и Радовиш за референдум за населување мигранти
-
Пренџов: Побаравме од Уставниот суд да укаже на нелогичноста во законите за локална самоуправа