Француската престолнина Париз го забрани возењето на автомобили произведени пред јануари 1997-та година. Сите моторни возила во градот се обврзани да се движат со еко вињети. Налепниците се во различни бои и ги класифицираат возилата во шест одделни категории, во зависност од штетните емисии кои се емитуваат.
Најстарите автомобили кои најногу загадуваат имаат право да се движат низ улиците на Париз, се со сиви налепници. Хибридните и електричните автомобили се со налепници, обоени во зелено. Видот на еко вињетите се определува од годината на производство и моторот на возилото.
Цената на еко вињетите е 4,5 евра. Возилата произведени пред 1997-та година немаат право на еко вињети и не можат да се движат во Париз во работните денови од 8:00 до 20:00 часот. Во деновите кога загадувањето во француската престолнина е високо, на улиците ќе можат да се движат само автомобилите кои најмалку го загадуваат воздухот.
Загадениот воздух во Франција убива над 48 000 луѓе годишно и ја чини земјата 101 милијарди евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уште една европска метропола ги забранува старите автомобили
-
Париз во пламен! Протестите прераснаа во улична војна, наскоро ќе биде воведена вондредна состојба?
-
Војна на улиците на Париз: Нема револуцијата без насилство (фото+видео)
-
Неверојатни сцени: Поплава ги однесе сите џипови од салонот за автомобили, штетата е милионска