| четврток, 6 декември 2018 |

Шкотска: Ќе бараме независност ако не се почитуваат барања по Брегзит

Шкотската прва министерка Никола Старџен денеска изјави дека Шкотска мора да има опција за независност од Обединетото Кралство, доколку бидат отфрлени шкотските барање во врска со новиот трговски план на Велика Британија.

Старџен, која ја предводи Владата што заговара независност на Шкотска, истакна дека планот за Брегзит, кој претходно денеска го изнесе британската премиерка Тереза Меј е „економски катастрофален“ за Обединетото Кралство и оти Шкотска затоа за него не гласала.

Шкотите минатиот јуни гласаа за останување во ЕУ, за разлика од најголемиот дел жителите на Велика Британија, кои на референдум се определија за излегување од Унијата.

Старџен изнесе серија предлози во врска со позицијата на Шкотска кон британската Влада.

– Разговорите за овие предлози продолжуваат. Иако премиерката денеска го повтори ветувањето дека нашиот план внимателно ќе го разгледа, ние не видовме доказ дека гласот на Шкотска се слуша, ниту дека нашите интереси ќе бидат земени предвид, додаде таа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top