| четврток, 6 декември 2018 |

САД му воведоа санкции на Мирослав Додик

Соединетите Американски Држави воведоа санкции за Мирослав Додик, претседателот на Република Српска.

Санкциите против Додик подразбираат забрана за патување во САД и замрзнување на целиот имот на територијата на САД како и во сите земји кои ќе се приклучат на санкциите.

Додик за српските медиуми кажа дека очекува таков потег од САД.

-Не знам дали информацијата дека сум ставен на американската црна листа е точна, со оглед дека немам добиено никаков официјален документ. Но, очекувам такво нешто, изјави Додик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top