| четврток, 6 декември 2018 |

Европратениците во четврт обид за нов претседател на Европскиот парламент

Европратениците доцна попладнево ниту во третиот круг на гласање не успеаја да изберат нов претседател на Европскиот парламент.

Во ова гласање кандидатот на Европската народна партија (ЕПП), Антонио Тајани освои 291 гласови, додека за претставникот на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СиД), Џани Питела гласаа 199 европратеници.

Хелга Стивенс од Групата на конзервативците освои 58 гласа, Жан Ламберт од Групата на зелените и Европската слободна алијанса 53 гласа, Елеонора Форенза од Обединета европска левица-Нордиска зелена левица доби 45, а Лорентиу Ребега од блокот Европа на нациите и слободата 44 гласа,

За победа на еден од кандидатите му беа неопходни 346 гласа.

Четвриот круг на гласање ќе се одржи вечерва и во него ќе учествуваат Тајани и Питела. Во четвртиот круг за претседател ќе бидат избран кандидатот што ќе освои просто мнозинство гласови

Одлучувачки се очекува да бидат гласовите на екстремната десница и евроскептиците, но исто така и на зелените и на крајната левица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top