Група поранешни студенти, сега веќе успешни професионалци, се собрале и посетила еден стар професор од факултетот. Разговорот набрзо прераснал во жалење околу уморот, истоштеност, стресот на работа, во семејството и на секој животен чекор.
Професорот ги слушал со полно внимание и сочувство.
– Мислам дека добро ќе ви дојде шолја добро кафе – им рекол и се повлекол во кујна.
Се вратил со големо тенџере кафе и цел асортиман шолји. Секоја била поинаква. Имало порцелански, пластични, стаклени, хартиени, кристални, керамички. Некои изгледале скапоцено, како да се пристигнати од дворот на последниот кинески цар, други пак изгледале сосема обично, третите биле напукнати и оштетени.
– Послужете се!
Кога сите поранешни студенти имале шолја кафе во рацете, професорот забележал.
– Убавите и скапоцените шолји експресно беа одбрани. На маста останале, недопрени, грдите, обичните и евтините шолји. За себе го сакате само најдоброто, што воедно и е вашата причина за стресот. Но, сепак, изгледот на шолјата не придонесува на вкусот. Поубавиот сад обично е само поскапа шолја, а често и го замаглува тоа што го пиеме. На сите вас всушност ви беше потребно добро кафе, а не шолја. Сепак посегнавте за најдобрите. А тогаш продолживте одмерувајќи ги туѓите шолји – им рекол професорот.
Кога ќе се фатите во виор на стресот и незадоволството, сетете се дека кафето е како животот. А работата, парите и положбата во општеството како шолјата. Шолјата ниту го дефинира, ниту го менува квалитетот на животот кој го живееме. Понекогаш, концентрирајќи се само на шолјата, го пропуштаме уживањето во кафето.
Пијте го кафето, не шолјата.
Најсреќните луѓе немаат се најдобро, тие го извлекуваат најдоброто од животот. Живеат едноставно, зборуваат љубезно, сакаат великодушно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.