Ракометарите на Норвешка ја остварија третата победа на мундијалот во Франција, откако денеска убедливо го совладаа Бразил со 39-26. По поразот од селекцијата на Франција во минатото коло, Норвежаните одговорија на најдобар можен начин и стигнаа до убедлив триумф.
Веќе по првиот дел, избраниците на Кристијан Берг создадоа предност од пет гола (18-13), а со фуриозна игра продолжија и во второто полувреме на крајот стигнувајќи до убедлива победа.
Сагосен со седум постигнати гола беше најефикасен стрелец во селекцијата на Норвешка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.