Вчера околу 15,15 часот Скопје на бул. „Јане Сандански“ на паркинг од страна на непознато лице било извршено разбојништво над А.Р. (27) од Скопје, при што му биле одземени 843.000 денари.
Oткако пријавителот се паркирал на паркингот и излегол од возилото држејќи во рака кеса во која имало пари, сторителот два пати со тупаница го удрил во пределот на главата и лицето, а во другата рака држел нож, од што пријавителот се исплашил за неговиот живот и без да дава отпор му ја дал кесата со парите по што сторителот го напуштил местото на настанот, а оштетениот почнал да трча по него, но не успеал да го стигне.
Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.