Тереза Мидлтон од Англија имала толку лошо детство што малкумина веруваат дека некогаш ќе закрепне од траумите и ќе води нормален живот. Нејзината мајка била бездомничка, па ова девојче било принудено да остане во сиропиталиште, но набрзо добило дом во Анадела во Шкотска, каде што живеело со својот брат.
– Се однесував како да имам 20 години иако имав само 9 години. Почнав да пијам, да се дрогирам, и да се дружам со постари, раскажува Тереза.
По извесен период во домот, на нејзиното тело почнале да се забележуваат промени, а тест покажал дека е бремена. Иако имала само 11 години, го ридила бебето. Силувањето не го споменувала, па по две години кога детето било дадено на посвојување со ДНК тест е утврдено дека таткото е нејзиниот брат.
За силување тој е осуден на 4 години затвор.
Оваа несреќна девојка денес има само една желба.
– Се надевам дека еден ден ќе успеам да си ја вратам ќерката! Сакам да знае дека многу ја сакам и дека сѐ би направила за неа! За мене ќе биде страшен денот кога ќе дознае кој е нејзиниот вистински татко. Се надевам нема да ми се лути…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.