Животот на Жељко Ражнатовиќ-Аркан и неговата сопруга Цеца ќе биде претставен во документарец, а со тоа се занимаваат Французи.
Камермани и новинари на телевизијата „Канал 5“ во неделата биле на поменот на командантот на Српската доброволна гарда. Тие и на Новите гробишта во Белград снимиле кадри за својот филм.
Екипата на француската продукција веќе подолго време престојува во Србија, но и во Босна, каде што разговара со соговорници и собира материјал за документарецот.
– Тоа ќе биде голем проект! Веќе некое време престојуваме во Србија, истражуваме и следиме сѐ што има врска со животот на Цеца. И за Аркан собравме доста материјал – изјавиле од продукцијата.
Цеца потврдила дека Французите снимаат филм, но вели дека темата е само Аркан.
– Не снимаат филм за мене, туку за Жељко. Не е планирано во филмот да зборуваме јас и моите деца – рекла Цеца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура