Употребата на албанскиот јазик во Македонија е прилично афирмирана. Никој не бил прогонуван, казнет, репресиран за употребата на мајчиниот јазик, напротив служиме како добар пример во регионот и во Европа. Сепак, ние немаме мандат од нашите гласачи, ниту пак сметаме дека е полезно за државата да го менуваме уставот, со цел да правиме двојазична држава на ниво на целата територија на Република Македонија, изјави Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во „Отворено студио“ на ТВ НОВА.
„Ова го кажуваме јавно и пред граѓаните и пред новинарите, тоа ќе го кажеме јавно и на разговорите со ДУИ. Ќе им предложиме доколку сакаат како партија што го промовира принципот – победникот да има морално право да прави коалиција со победникот од другата етничка заедница, тоа да го склопиме во еден најмал заеднички именител којшто би го имале двете партии со цел да се стабилоизира државата, да се работи за доброто на сите граѓани безразлика што се тие по етничка, верска и политичка припадност“, истакна Милошоски и додаде дека официјалните разговори со ДУИ ќе започнат за 2-3 дена.
Во однос на мандатот на СЈО, Милошоски рече дека Специјалното јавно обвинителство е наменска, хибридна инстутуција со свој рок на траење и правна и политика улога.
„Немаме намера да одржуваме такви институции како дел од системот кој веќе е востановен со уставниот поредок на државата“, заклучи Милошовски.
Тој заедно со поранешниот претседател на ДИК Александар Новаковски гостуваше во „Отворено студио“ на ТВ НОВА на тема „Преговори и црвени линии“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Милошоски: Во недостаток на аргументи за постигнатото, се изигрува процедурата за ратификација
-
Милошоски: Димитров и Заев го занемаруваат нашиот примарен аргумент во односите со Грција, не бараат да се признае пресудата од Хаг
-
Бугарија доби легално право да ја попречува Македонија во своите аспирации
-
Милошоски: СДСМ не гласаше за амандаман за штетите од земјотресите во Ресен, Охрид и Струга