| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Микиќ: Сту­де­но­то вре­ме по­вол­но вли­јае на ши­ре­ње на гри­пот

Во ус­ло­ви на сту­де­но вре­ме и ре­ла­тив­но ни­ска влаж­ност на воз­ду­хот (сту­де­ни­от воз­дух има по­ни­ска влаж­ност) по каш­ла­ње и ки­ва­ње ви­ру­сот на грип оста­ну­ва по­дол­го вре­ме во воз­ду­хот, па ве­ро­јат­но­ста да се вди­ше е по­го­ле­ма, ве­ли д-р Ми­киќ

Иа­ко е ши­ро­ко рас­про­стра­не­то мис­ле­ње­то де­ка гри­пот не ви­рее на сту­де­но вре­ме ка­кво што има­ме во овој пер­и­од од го­ди­на­та, оваа за­раз­на бо­лест во ус­ло­ви на сту­де­но вре­ме и ре­ла­тив­но ни­ска влаж­ност на воз­ду­хот оста­ну­ва по­дол­го вре­ме во воз­ду­хот. По­ра­ди сту­де­но­то вре­ме, по­ре­тко се про­ве­тру­ва­ат про­сто­ри­и­те во кои се пре­сто­ју­ва, та­ка што ве­ро­јат­но­ста да се вди­ше е по­го­ле­ма, ве­ли во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“ спе­ци­ја­лист д-р Вла­ди­мир Ми­киќ од Ин­сти­ту­тот за јав­но здрав­је (ИЈЗ).

ИЈЗ е за­дол­жен за сле­де­ње на со­стој­ба­та со за­раз­ни­те бо­ле­сти, а пос­лед­на­та ана­ли­за по­ка­жа де­ка има двој­но зго­ле­му­ва­ње на за­бо­ле­ни од грип во спо­ред­ба со ми­на­та­та го­ди­на.

На што се дол­жи двој­но­то зго­ле­му­ва­ње на за­бо­ле­ни од грип во спо­ред­ба со ми­на­та­та го­ди­на?

МИ­КИЌ: По­ве­ќе фа­кто­ри вли­ја­ат врз се­зон­ско­то по­ја­ву­ва­ње на гри­пот. Ни­ска­та тем­пе­ра­ту­ра кон кра­јот на го­ди­на­та по­вол­но вли­јае врз ши­ре­ње на ви­ру­сот на грип. Ви­ру­сот на грип по­до­бро пре­жи­ву­ва и се ши­ри во ус­ло­ви на ни­ска тем­пе­ра­ту­ра. По­ра­ди ни­ска­та тем­пе­ра­ту­ра, лу­ѓе­то по­ми­ну­ва­ат по­дол­го вре­ме во за­тво­ре­ни про­сто­рии, кои ре­тко се про­ве­тру­ва­ат, што ја зго­ле­му­ва мож­но­ста за пре­нос на грип до­кол­ку во иста­та про­сто­ри­ја пре­сто­ју­ва ли­це за­бо­ле­но од грип.

Ко­га се прог­ла­су­ва епи­де­ми­ја од грип?

МИ­КИЌ: По­сто­јат по­ве­ќе фа­кто­ри за прог­ла­су­ва­ње епи­де­ми­ја, кои не се исти за раз­лич­ни за­бо­лу­ва­ња. За одре­де­ни за­раз­ни за­бо­лу­ва­ња и два по­вр­за­ни слу­ча­ја се до­во­лен сиг­нал да се прог­ла­си епи­де­ми­ја. Фа­кто­ри­те што се зе­ма­ат пред­вид за прог­ла­су­ва­ње епи­де­ми­ја се: бро­јот на за­бо­ле­ни ли­ца, оп­то­ва­ру­ва­ње на здрав­стве­ни­от си­стем, те­жи­на на бо­ле­ста, бро­јот на те­шки фор­ми/смрт­ни ис­хо­ди, по­тре­ба од вклу­чу­ва­ње дру­ги ми­ни­стерс­тва во од­го­вор на епи­де­ми­ја­та итн.

Гри­пот по пра­ви­ло се ја­ву­ва во епи­де­ми­ска фор­ма, што зна­чи го­лем број за­бо­ле­ни за ре­ла­тив­но кра­ток вре­мен­ски пер­и­од. Во овој слу­чај не е прог­ла­се­на епи­де­ми­ја за­тоа што и по­крај го­ле­ми­от број за­бо­ле­ни ли­ца, бро­јот на те­шки фор­ми е мал, а си­те пред­ви­де­ни мер­ки за спра­ву­ва­ње со епи­де­ми­ја­та се во над­леж­ност на Ми­ни­стерс­тво­то за здрав­ство.

Што по­ка­жу­ва­ат ва­ши­те по­да­то­ци, кој дел од на­се­ле­ни­е­то нај­че­сто за­бо­лу­ва од грип, во ко­ја во­зрас­на гру­па има најм­но­гу за­бо­ле­ни?

МИ­КИЌ: Епи­де­ми­о­ло­шки­те по­да­то­ци за бро­јот на при­ја­ве­ни слу­чаи на грип, за­бо­лу­ва­ња слич­ни на грип и ла­бо­ра­то­ри­ски по­твр­де­ни слу­чаи на грип ука­жу­ва­ат на ран по­че­ток на се­зо­на­та, а не­дел­ни­от број ја над­ми­ну­ва гра­ни­ца­та на мно­гу ви­со­ка актив­ност (прв­пат по пан­дем­ска­та се­зо­на 2009/2010). Оваа не­де­ла на те­ри­то­ри­ја на 13 ЦЈЗ/ПЕ се ре­ги­стри­ра мно­гу ви­со­ка актив­ност.

Ка­ко и прет­ход­на­та, во 52. не­де­ла нај­го­лем број за­бо­ле­ни (6.247), од­нос­но 65,9 про­цен­ти од си­те слу­чаи се при­ја­ве­ни во нај­го­ле­ма­та во­зрас­на гру­па од 15 до 64 го­ди­ни, што не прет­ста­ву­ва зна­чај­на про­ме­на на про­цен­ту­ал­но­то учес­тво од прет­ход­на­та не­де­ла (66,1 про­цен­ти). Во при­ја­ве­ни­те слу­чаи од 52. не­де­ла, де­ца­та на во­зраст од 5 до 14 го­ди­ни учес­тву­ва­ат со 18,4 про­цен­ти (1.745), ли­ца­та над 65 го­ди­ни со 9,8 про­цен­ти (928) и де­ца­та од 0-4 го­ди­ни со 6,0 про­цен­ти (565).

Нај­го­лем број за­бо­ле­ни од 753,9/100.000 жи­те­ли е ре­ги­стри­ран кај де­ца­та на во­зраст од 5-14 го­ди­ни, кај де­ца­та на во­зраст од 0-4 го­ди­ни тој из­не­су­ва 486,3/100.000, кај ли­ца­та на во­зраст од 15-64 го­ди­ни е 428,1/100.000 жи­те­ли, а кај нај­ста­ра­та во­зрас­на гру­па е ре­ги­стри­ран нај­мал број за­бо­ле­ни од 354,0 на 100.000 жи­те­ли.

d-r vladimir mikic

Нај­го­ле­ми­от број, или пи­кот, го оче­ку­ва­ме ток­му во овој пер­и­од – кра­јот на 2016 и пр­ви­те не­кол­ку не­де­ли од 2017 го­ди­на вели д-р Микиќ

Да­ли оче­ку­ва­те ви­со­ки­от број на за­бо­ле­ни да про­дол­жи и во на­ред­ни­те не­кол­ку не­де­ли?

МИ­КИЌ: Иа­ко зим­ски­от рас­пуст на учи­ли­шта­та мо­же да го уб­ла­жи ин­тен­зи­те­тот на ши­ре­ње на гри­пот, се оче­ку­ва ви­со­ки­от број на за­бо­ле­ни да се одр­жу­ва и во на­ред­ни­те не­кол­ку не­де­ли.

Да­ли сту­де­но­то вре­ме ќе го на­ма­ли бро­јот на за­бо­ле­ни од грип?

МИ­КИЌ: Спро­тив­но на во­о­би­ча­е­но­то мис­ле­ње, сту­де­но­то вре­ме по­вол­но вли­јае на ши­ре­ње­то на гри­пот. Во ус­ло­ви на сту­де­но вре­ме и ре­ла­тив­но ни­ска влаж­ност на воз­ду­хот (сту­де­ни­от воз­дух има по­ни­ска влаж­ност) по каш­ла­ње и ки­ва­ње ви­ру­сот на грип оста­ну­ва по­дол­го вре­ме во воз­ду­хот, па ве­ро­јат­но­ста да се вди­ше е по­го­ле­ма. До­пол­ни­тел­но, ви­ру­сот пре­жи­ву­ва по­дол­го вре­ме на пред­ме­ти и по­вр­ши­ни во ус­ло­ви на ни­ска тем­пе­ра­ту­ра, па ви­ру­сот мо­же да се ши­ри и до­кол­ку се до­прат ва­кви пред­ме­ти, а по­тоа се до­пре уста, нос или очи.

Кој тип грип е изо­ли­ран, од­нос­но пре­ов­ла­ду­ва во Ма­ке­до­ни­ја?

МИ­КИЌ: Во те­кот на 52. не­де­ла од 2016, во ви­ру­со­ло­шка­та ла­бо­ра­то­ри­ја на Ин­сти­ту­тот за јав­но здрав­је се те­сти­ра­ни 24 при­ме­ро­ци, од кои 17 или 70,8% се по­зи­тив­ни, си­те на A/H3.

До­се­га во ви­ру­со­ло­шка­та ла­бо­ра­то­ри­ја на Ин­сти­ту­тот се те­сти­ра­ни вкуп­но 78 би­о­ло­шки ма­те­ри­ја­ли од ру­тин­ски­от и сен­ти­нел над­зор – од ам­бу­лант­ски и бол­нич­ки ле­ку­ва­ни па­ци­ен­ти, од кои 26 (33,3%) се по­зи­тив­ни за при­сус­тво на ви­ру­сот на грип, и тоа Influenza A/H3.

Ко­га го оче­ку­ва­те нај­го­ле­ми­от пик на гри­пот во зем­ја­ва?

МИ­КИЌ: Иа­ко е неб­ла­го­дар­но да се пред­ви­ду­ва те­кот на ед­на се­зо­на на грип, имај­ќи ги пред­вид си­те фа­кто­ри и епи­де­ми­о­ло­ги­ја­та на ви­ру­сот на грип, нај­го­ле­ми­от број, или пи­кот, го оче­ку­ва­ме ток­му во овој пер­и­од – кра­јот на 2016 и пр­ви­те не­кол­ку не­де­ли од 2017 го­ди­на.

Иа­ко е се­зо­на на грип и Ин­сти­ту­тот за јав­но здрав­је ве­ќе ги со­оп­шти пре­по­ра­ки­те око­лу оваа за­раз­на бо­лест, да ги по­вто­ри­ме нај­важ­ни­те ра­бо­ти и на што тре­ба да вни­ма­ва­ат лу­ѓе­то?

МИ­КИЌ: Да се из­бег­ну­ва со­би­ра­ње и пре­стој во про­сто­рии ка­де што пре­сто­ју­ва­ат по­ве­ќе лу­ѓе, осо­бе­но да се из­бег­ну­ва бли­зок кон­такт со лу­ѓе што се бол­ни или каш­ла­ат, ки­ва­ат, има­ат по­ка­че­на те­лес­на тем­пе­ра­ту­ра.

Одр­жу­ва­ње лич­на хи­ги­е­на и че­сто ми­е­ње на ра­це­те.

Да се за­гре­ва­ат про­сто­ри­и­те за пре­стој и че­сто да се про­ве­тру­ва­ат.

Пре­по­рач­ли­во е топ­ло, сло­е­ви­то об­ле­ку­ва­ње, топ­ли ба­њи.

Да се пи­јат топ­ли на­пи­то­ци (ча­е­ви и су­пи), овош­ни це­де­ни со­ко­ви, во­да со ли­мон.

Да се зе­ма­ат све­жи про­ду­кти бо­га­ти со ви­та­ми­ни и ми­не­ра­ли, нај­до­бро овош­је и зе­лен­чук кои му се не­оп­ход­ни на ор­га­низ­мот. Се пре­по­ра­чу­ва­ат про­ду­кти бо­га­ти со ви­та­мин Ц (ци­тро­ни, ли­мо­ни, пор­то­ка­ли, пи­пер­ка). До­кол­ку не се рас­по­ла­га се­ко­гаш со све­жи пре­хран­бе­ни про­ду­кти, мо­же да се ко­ри­стат и мул­ти­ви­та­мин­ски на­пи­то­ци и пре­па­ра­ти. Ка­ко до­пол­ни­тел­ни средс­тва мо­же да се ко­ри­стат пре­па­ра­ти на ба­за на про­по­лис, ехи­на­цеа, мед, ѓум­бир, лук и сл.

Пра­кти­ку­ва­ње здрав на­чин на жи­вот и здра­ви на­ви­ки, вклу­чи­тел­но до­бар сон и од­мор, здра­ва хра­на, одр­жу­ва­ње на фи­зич­ка­та актив­ност и на­ма­лу­ва­ње на стре­сот. Сил­ни­от иму­ни­тет ќе ви по­мог­не да оста­не­те здра­ви или по­лес­но да се спра­ви­те со гри­пот  и со за­бо­лу­ва­ња­та слич­ни на грип.

До­кол­ку има­те грип или за­бо­лу­ва­ње слич­но на грип:

Оста­не­те до­ма и не оде­те на ра­бо­та, во учи­ли­ште или на ме­ста ка­де што има мно­гу лу­ѓе.

Од­мо­рај­те се и зе­мај­те мно­гу теч­но­сти и лес­на хра­на!

Из­бег­ну­вај­те бли­ски кон­та­кти со ли­ца­та со кои жи­ве­е­те, не при­мај­те по­се­ти до­де­ка сте бол­ни!

Ста­вај­те ма­ска/ша­мив­че на уста­та и на но­сот ко­га кон­та­кти­ра­те со сво­и­те бли­ски во до­мот, ко­га каш­ла­те и ки­ва­те!

Миј­те ги ра­це­те со топ­ла во­да и со са­пун – че­сто и те­мел­но, осо­бе­но по ки­ва­ње или каш­ла­ње!

Ко­ри­сте­те влаж­ни ма­рам­чи­ња што со­др­жат ал­ко­хол или средс­тво за де­зин­фек­ци­ја на ра­це­те!

Из­бег­ну­ва­ње до­пи­ра­ње на очи­те, но­сот и на уста­та со ра­це!

От­стра­не­те ги или де­зин­фи­ци­рај­те ги за­га­де­ни­те пред­ме­ти од око­ли­на­та аде­кват­но!

Про­ве­тру­вај­те ја че­сто про­сто­ри­ја­та ка­де што пре­сто­ју­ва­те до­де­ка сте бол­ни!

Ако сте во гру­па на ли­ца под ви­сок ри­зик од комп­ли­ка­ции (над 65 го­ди­ни и под 3 го­ди­ни, има­те хро­нич­ни за­бо­лу­ва­ња) или до­кол­ку симп­то­ми­те на бо­ле­ста се вло­шу­ва­ат или тра­ат по­ве­ќе де­но­ви – по­ба­рај­те ле­кар­ска по­мош!

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

(интервјуто е објавено во 228. број на неделникот Република кој излезе во печат на 12.1.2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top