-Хрватска нема никому да дозволи да ја ревидира нејзината историја и да ја етикетира со разни имиња – изјави синоќа хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.
-Ќе продолжиме да биделе дел од активните предводници во носењето одлуки во ЕУ и НАТО и ќе градиме добрососедски односи, но нема никому да дозволиме да ја ревидира хрватската истoрија и да ја етикетира државата со разни имиња- изјави Грабар-Китаровиќ во обраќањето на свечената академија во Загреб по повод 25годишнината од меѓународното признавање на Хрватска.
Како што јави ХИНА, Грабар-Китаровиќ рече дека верува оти Хрватска ги има сите предуслови да биде просперитетна држава во која нејзините граѓани не само што ќе остануваат, туку и ќе се враќаат во својата татковина.
На собирот се обрати и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ кој оцени дека меѓународното признавање на Хрватска во 1992 година е обезбедено благодарение на „државничката и визионерска политика“ на тогашниот хрватски претседател Фрањо Туѓман, на „придонесот на хрватските ветерани и на умешноста на хрватската дипломатија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст