| четврток, 6 декември 2018 |

Грабар-­Китаровиќ: Хрватска нема да дозволи ревизија на историјата

grabar

-Хрватска нема никому да дозволи да ја ревидира нејзината историја и да ја етикетира со разни имиња – изјави синоќа хрватската претседателка Колинда Грабар-­Китаровиќ. ­

-Ќе продолжиме да биделе дел од активните предводници во носењето одлуки во ЕУ и НАТО и ќе градиме добрососедски односи, но нема никому да дозволиме да ја ревидира хрватската истoрија и да ја етикетира државата со разни имиња- изјави Грабар-­Китаровиќ во обраќањето на свечената академија во Загреб по повод 25­годишнината од меѓународното признавање на Хрватска.

Како што јави ХИНА, Грабар­-Китаровиќ рече дека верува оти Хрватска ги има сите предуслови да биде просперитетна држава во која нејзините граѓани не само што ќе остануваат, туку и ќе се враќаат во својата татковина.

На собирот се обрати и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ кој оцени дека меѓународното признавање на Хрватска во 1992 година е обезбедено благодарение на „државничката и визионерска политика“ на тогашниот хрватски претседател Фрањо Туѓман, на „придонесот на хрватските ветерани и на умешноста на хрватската дипломатија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top