| четврток, 6 декември 2018 |

Николиќ: Ако убиваат Срби, подготвени сме да испратиме војска на Косово

­

нико

Српскиот претседател Томислав Николиќ денеска изјави дека Србија е подготвена да испрати оружени сили во Косово долколку биде загрозено српското население.

-Ако бидат убиени Срби ­ Да!- рече Николиќ како одговор на прашањето дали Србија е подготвена да испрати војска во Косово.

Николиќ, после седницата на Советот за национална безбедност одржана во Генералштабот на Војската на Србија, изјави дека Србија не сака судир и оти никого нема да нападне, но дека како држава и според Устав има обврска да ги штити своите граѓани.

Седницата е одржана после најновото заострување на односите меѓу Белград и приштина, откако вчера во Косовска Митровица не стаса возот од Белград поради можноста од избивање судири, пренесува Блиц.            ­ -Додека сум на функција (претседател), ќе се обидам со никого да не војуваме, но ако тоа не може да се избегне, ќе преземам одговорност за сите одлуки кои ќе ги донесам- истакна Николиќ.

Тој уште рече дека му изгледа оти случувањата во врска со возот се дело на американската администрација во заминување. Николиќ вели дека Србија е подготвена вчерашните случувања да ги толкува како провокација, бидејќи не сака никаков судир, но оцени дека вчерашниот ден минал на работ на судир и оти испраќањето специјални единици на Косовската полиција (РОСУ) на северот на Косово, каде се очекуваше пристигнувањето на возот од Белград, било знак дека Приштина сака судир. ­ Тие (РОСУ) вчера не би се извлекле од Јариње, но прашање е дали вие денеска ќе известувавте од седница на Советот за национална безбедност или од фронт, изјави Николиќ пред новинарите и побара Европската унија и САД да се изјаснат за изјавата на косовскиот премиер Иса Мустафа во која тој им се заблагодарува за поддршката. Николиќ оцени дека се додека тоа не се ресчисти, не може да стане збор за продолжување на бриселскиот дијалог меѓу Белград и Приштина, дека тоа е негов совет и оти мисли дека и со премиерот Александар Вучиќ се согласил за тоа прашање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top