| четврток, 6 декември 2018 |

Во Германија уапсен исламист од Србија, планирал да гази луѓе со камион

полиција

Во германскиот град Есен е уапсен српски државјанин осомничен од полицијата дека е поврзан со исламистите и дека планирал терористички напад во Германија.

Како што пишува германски Билд, станува збор за човек што редовно одржувал контакти со мрежата на исламистите, а полицијата се сомнева дека планирал да нападне со камион, слично на нападот кон крајот на минатата година во Берлин.

Тој е уапсен и се наоѓа во притвор, чекајќи депортација.

Германската полиција и претходно го апсела осомничениот, а неодамна бил пуштен од затвор. Повторно е уапсен откако полицијата се посомневала дека може да изврши терористички напад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top