| четврток, 6 декември 2018 |

Тепачка на патници, принудно слетан авион кој летал за Лондон

medium_2017-01-13-9590f5a535-98509

Двајца патници се степале во патнички авион на 10.000 метри височина, поради што дошло до принудно слетување на леталото. Инцидентот се случил во авион на компанијата „Middle Eastern Airlines”, кој патувал од Бејрут кон Лондон. Авионот принудно бил слетан во Истанбул, пренесува „Дејли Мејл“.

Главни актери се двајца мажи кои се нафрлиле еден врз друг со тупаници. Помладиот од нив неколку пати го парчосал постариот, а други патници се обиделе да ги раздвојат. Тоа натерало пилотите да преземат одлука да слетаат во Истанбул.

Во судирот интервенирале и членови на екипажот, кои заедно со патниците ги разделиле актерите. Тепачката е снимена со мобилен телефон. Авторот на видеото коментира зад сцената: “Толку е забавно”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top