| четврток, 6 декември 2018 |

Руските шпиони во САД живееле како богови (ГАЛЕРИЈА)

Една од последните одлуки на претседателот во заминување Барак Обама е да избрка 35 руски дипломати и затворање на нивните претставништва во САД.
Така е откриен тајниот супер луксузен свет на „руските шпиони“ кои со децении живееле во САД.

Од Белата куќа е соопштено дека дипломатските преставништва, односно вилите во Мериленд и на Лонг Ајленд се користени за „разузнавачки активности“, пренесува „Дејли меил”.

01-ruski-imoti-vo-amerika-123

Во Мериленд Русите го користеле луксузниот имот за кој се смета дека бил „центар за шпионажа“. Овој имот се наоѓа на само половина час возење од Вашингтон, а постојат сомнежи дека го опкружувале од моментот кога го купила советската влада во 1972 година.

02-ruski-imoti-vo-amerika-123

На него се наоѓа вила која е претворена во 12 станови и неколку колиби. Вкупно околу 40 семејства би можеле да се сместат на овој имот, кој наводно служел за одмор на руските дипломати. Во внатрешноста на вилата има големи дневни соби и разни простории за рекреација, а однадвор има убави градини.

Во овој комплекс некое време престојувал поранешниот руски амбасадор Јуриј Ушаков со семејството.

03-ruski-imoti-vo-amerika-123

Кога советите го купиле овој имот, нивните американски соседи биле сомничави. Меѓутоа, Русите успеале да ги придобијат соседите со приредување на раскошни забави со „водка и кавијар“.

Белата куќа го затворила и Киленворт, имот на Лонг Ајленд.

04-ruski-imoti-vo-amerika-123

Советската влада го купила Киленворт во 1950-тите години. И овој имот бил користен како место за одмарање за руските дипломати и персоналот кој работел во зградата на ОН во Њујорк.

05-ruski-imoti-vo-amerika-123

За овој имот, откако го купиле Русите, исто така се зборувало дека служи за шпионажа.

Затворањето на овие имоти ги збунило жителите на САД кои се прашуваат како толку долго можеле да живеат руски шпиони во Америка, ако веќе властите знаеле за нив.

06-ruski-imoti-vo-amerika-123

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top