| четврток, 6 декември 2018 |

Во Унгарија уапсени две девојки поврзани со тероризам

Унгарската полиција по европска потерница уапси две странски државјанки, кои се осомничени за поврзаност со терористички активности, се наведува во соопштението кое во петокот е објавено на официјалната страница на министерството за внатрешни работи.

Според унгарската полиција, двете жени – 18-годишна Белгијка и 19 годинашна државјанка на Франција, биле уапсени во четвртокот околу 1 часот утрото по локално време додека на граничниот премин Рожке се обидувале во Србија да влезат со автобус кој патувал од Виена за Софија.

Гјерѓи Баконди, советник за безбедност на унгарскиот премиер Виктор Орбан, за државната новинска агенција MTI изјавил дека девојките имале намера да пристигна до сириската престолнина Дамаск, според нивните искази. Едната од нив имала фалсификуван пасош, додал

Владиниот портпарол Золтан Ковач изјавил дека двете млади жени имале намера да им се придружат на екстремистичките исламски групации кои се поврзани со џихадистичката организација Исламска држава.

Унгарија во текот на 2015 година се најде на главната транзитна рута на бегалскиот бран од Блискиот исток кон западна Европа. Од тогаш на своите јужни граници со Србија и Хрватска подигна жичена ограда, воведе строги закон за илегално минување на нејзината граница и го зголеми присуството на вооружени патроли на полицијата и војската во пограничните области.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top