| четврток, 6 декември 2018 |

Кралското семејство остана без зетот

117787107_Lord-Snowdon-Princess-Margaret-NEWS-large_trans_NvBQzQNjv4BqkTAf0j2Gl9hyXN6wo8I5IcuUEKtgwSntuUwWxRMm-tMЕнтони Армстронг-Џонс, лорд Сноудон, починал денеска на 86-годишна возраст. Тој е поранешен сопруг на покојната принцеза Маргарет – сестра на британската кралица Елизабета II. Неговата смрт ја потврди портпаролот на семејството, пишува британскиот “Експрес”.

Принцезата Маргарет се омажи за него во 1960 година. Двајцата се венчаа во Вестминстерската опатија. 20 милиони луѓе ја гледаа кралската церемонија. На незаборавен настан присуствуваа и видни личносри како на пример кралот и кралицата на Шведска.

За смртта на лордот потврдија и од Бакингемската палата. Од таму најавија лаконски: “Кралицата е информирана”.

Принцеза Маргарет и лорд Сноудн имаат две деца – виконт Дејвид Линли и леди Сара Армстронг-Џонс. Двојката се раздели во 1976 година. Официјално разводот стана факт две години подоцна.

117786962_Lord-Snowdon-NEWS-xlarge_trans_NvBQzQNjv4BquNcp3pH5FsvFEL0BALS53omY_xYefZyLP9VW-zYwNr0

Во 1978 година горофот Сноудон се ожени повторно. Се разведе во 2000 година. Со текот на годините тој работел како фотограф и снимал многу популарни личности – Маргарет Тачер, Меги Смит, Руперт Мардок и принцезата Дијана, како и познати актери како Џек Николсон, Џоан Колинс и Клинт Иствуд.

Принцезата Маргарет почина во 2002 година на 71-годишна возраст. Во истата година си замина и 101-годишната кралица-мајка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top