| четврток, 6 декември 2018 |

Се урна зграда во Истанбул, загина едно лице, повредени се случајни минувачи

Во истанбулската населба Зејтинбурн се урна зграда, а како што пренесува турската ТВ НТВ, во несреќата загина едно лице, а петмина се повредени.

Урнатата зграда се наоѓала во европскиот дел на Истанбул, и во моменот на уривањето во неа немало луѓе, бидејќи во тек бил процес на санација.

Настраданите се случајни минувачи.

На самото место се наоѓаат спасувачки екипи и екипи на итната помош, пренесуваат турските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top