Пејачот Мики Јевремовиќ почина денес во Белград, по кратко и тешко боледување на 75 годишна возраст јавуваат српските медиуми.
На 27 декември пејачот имаше мозочен удар и беше хоспитализиран во Клиничкиот центар во Белград. Неговата состојба беше критична, но докторите се трудеа да го спасат животот на пејачот.
Миодраг Мики Јевремовиќ беше популарен во ’70-тите години. Неговата кариера ја одбележаа хитовите како „Мама“, „Ако еднаш ја видиш Марија“, „Нека точат старо вино“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.