Поминаа точно две децении откако е снимен српскиот филм „Убавите села, убаво горат“ на режисерот Срѓан Драгојевиќ. Филмот брзо стекна статус на култен филм, а има многу работи кои до неодамна не беа познати за него.
– Војниците кои се појавуваат во филмот не се статисти туку се вистински униформирани лица. На еден од нив од продукцијата му остана должна една дневница и тој се појави на сетот со бомба кашикара и се закануваше дека ќе ја активира, ако не му ги дадат парите. Дневницата беше тогашни 20 германски марки – открива за медиумите во Србија Никола Пејаковиќ, косценарист на филмот и актер.
Тој паузите од снимањето на филмот ги поминувал со деминерите кои ја посетувале секоја локација пред да се снима за да проверат дали има мина.
Сцената во која Пејаковиќ и Драган Бјелогрлиќ играат кошарка едвај е снимена бидејќи Коља беше пијан. За да го прослават успешното завршување на снимањето на сцената, се сликаа во свињарник, но Коља не се сеќава на тоа. Кога снимале во воено подрачје, морале да соработуваат со главните во војската, од кои некои завршија во Хаг.
– Тешко е да се зборува за тоа денес, тоа не беше нормално снимање. Главите не ни беа нормални. Тоа не беше нормална ситуација – изјави Пејаковиќ за „Мондо“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура