Тренерот на Фенербахче, Жељко Обрадовиќ беше и тоа како револтиран по синоќешниот дуел на турскиот тим во Белград против Црвена Звезда.
Обрадовиќ честиташе на победата на Црвена Звезда, но истакна дека посебно му сметале навредите од трибините. За време на мечот дел од навивачите довикуваа „Жељко Турчине…“ од трибините, а на Обрадовиќ му сметало и тоа што никој од раководството на белграѓани не реагирал на тоа.
– Мечот беше убав за гледање, со многу пресврти и тактички работи. Но, моравме да добиеме во таа завршница. Играчите на Звезда се млади и храбри – рече Обрадовиќ и веднаш продолжи:
– Никогаш никаков некоректен гест не сум направил кога сум доаѓал тука, а ми довикуваат ‘Жељко Турчине’… Поголем Србин сум од сите нив заедно. Лесно е овде да се биде Србин, бидете Срби таму каде што јас бев Србин. Но, една работа најмногу боли, што ниту еден од Црвена Звезфа не реагираше на тоа. Мислев дека ми се другари, пријатели, но од вечерва повеќе не се. Ова беше хорско пеење, што значи дека се беше договорено однапред и со нечии инструкции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Широк сокак обоен во црвено-жолто (видео)
-
Чуден е овој соживот кога на националната арена ни извикуваат “Мртов каур, добар каур” и “Обединета Албанија” (видео)
-
Од одмор до трагедија, се истепаа навивачи на Порто и Бенфика во Хрватска (ВИДЕО)
-
Хрват во навивачки жар го фрли каучот низ прозорец (Видео)