Во рамки на прославата на патрониот празник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Димитар Стамболиев веќе 20 години доделува дипломски награди на најдобрите студентите при Машинскиот, Електротехничкиот и Медицинскиот факултет при УКИМ.
Иако веќе 26 години е во пензија, тој е единствениот професор при Универзитетот што формирал фондација, која, пак, речиси 20 години по ред доделува стипендии на студенти кои покажуваат одлични резултати на факултетите на кои студираат.
Проф. д-р Димитар Стамболиев работниот век го поминал на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Предавал и повеќе предмети на техничките факултети.
Фондацијата досега награди и стипендираше над 100 дипломци. Таа е основана пред седум години, по повод прерано починатиот син Коста, кој почина на 31-годишна возраст. Во првите десетина години наградите се доделуваа преку Машинскиот факултет и преку Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Фондацијата стипендира двајца, односно тројца одлични студенти според приложените услови. Студенти од прва и втора година не се стипендираат, туку тоа се прави од третата студиска година. Фондацијата, исто така, доделува шест дипломски награди и тоа четири на студенти од Машинскиот факултет и по една награда од Електротехничкиот факултет од насоката електротехника, како и студенти од Медицинскиот факултет на најдобрите меѓу еднаквите, кои имаат просек над 9,4.
Следниве најдобри меѓу еднаквите студенти се наградени за академската 2011/2012 година при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје:
Машински факултет: Тутески Огнен, Талевска Фросина, Даова Драгица, Захариев Александар
Електротехнички факултет: Стојановиќ Ана
Медицински факултет: Котлар Ирина
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал
-
Михајло Куфојанис и Марија Ѓошевска ги добија наградите на Сојуз на музички уметници на Македонија