| четврток, 6 декември 2018 |

Преживеал два дена во бунар на минус 20 степени, неопходна е ампутација

Јездимир Милиќ, жител на село во близина на Пожаревац, Србија минал два дена во селски бунар на минис 20 степени. Паднал во него на Бадник, по враќањето дома. Го нашол соседот.

Според лекарите, Милиќ долго време ќе мора да се лекува. Бо болница бил донесен во критична состојба. Сега е стабилен.

Јездимир (78) има сериозни повреди дланките, стопалата и потколениците кои се премрзнати. Според лекарите, ампутацијата најверојатно е неопходна.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top