Eкипите на Дистрибуција со топлина Балкан енеџи повторно ја воспоставија испораката на топлинска енергија за потрошувачите во централното градско подрачје и делови од општина Карпош. Потрошувачите од овие делови на Скопје постепено, во текот на вечерва добиваат нормална испорака на топлинска енергија.
Имајќи предвид дека се работи за поголем дефект во топлинската мрежа, екипите на Дистрибуција со топлина Балкан енерџи ќе останат на терен и во текот на ноќта и ќе работат на целосно отстранување на дефектот со цел да се обезбеди редовно и стабилно снабдување во системот на топлинска енергија.
За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.