Под влијание на нов влажен бран, од утре попладне во северозападните делови ќе има врнежи од снег, а на пониските места врнежи од дожд и снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта кон сабота, како и во сабота, особено претпладне. Повеќе врнежи ќе има во западните делови каде ќе дојде до зголемување на снежната покривка на планините за 10 до 20 сантиметри. Долж Повардарието и во јужните делови на пониските места ќе има намалување на снежната покривка.
Утре ќе дува умерен, повремено и засилен јужен ветер, што ќе придонесе дневните температури насекаде да бидат позитивни.
Во недела ќе има преодно стабилизирање, а од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Само на некои пониски места врнежите ќе бидат од дожд и снег. Повторно ќе се зголемува снежната покривка и во некои од пониските места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.