| четврток, 6 декември 2018 |

Москва: Обама за девет дена може да го уништи светот

rusko-mnr

Директорката на одделот за информации и односи со јавност при руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изразила загриженост поради можните акции на администрацијата на американскиот претседател во заминување Барак Обама, во последните девет дена од неговиот претседателски мандат, пренесуваат светските агенции.

„Секој ден читам вести од Вашингон околу нови санкции против Русија, целосно бесмислени но штетни акции во сите правци на надворешната политика. Бог го создаде светот за седум дена, а администрацијата на Обама има два дена повеќе за да го уништи“, напишала Захарова на социјалните мрежи.

Новата администрација на САД ќе стапи на должност по инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп, која ќе биде одржана на 20-ти јануари во Вашингтон.

Американското министерство за фианнсии во понеделникот, пак, објавило воведување на нови санкции против пет Руси, вклучувајќи го претседателот на Истражниот комитет, Александар Бистрикин и пратеникот на руската Либерал-демократска партија Андреј Луговој. Портпаролот на официјален Кремљ, пак, Дмитриј Песков ги опиша новите американски санкции како дополнителен чекор во деградацијата на билатералните односи меѓу САД и Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top