Светската фудбалска федерација (ФИФА) и официјално потврди дека рекорден број на репрезентации, вкупно 48, ќе бидат дел од Светско првенство во 2026 година.
Според новиот формат е предвидено да има вкупно 16 групи, со по три репрезентации. Првите две селекции од секоја група, вкупно 32, ќе обезбедат пласман во следната рунда, која ќе биде елиминациска.
Ваквиот нов формат има за цел да им даде поголема шанса на помалите репрезентации кои до сега само сон можеле да бидат дел од еден фудбалски Мундијал.
Да се надеваме дека ваквата одлука на ФИФА ќе делува екстра мотивирачки и врз репрезентативците на Македонија кои во 2016 година го забележаа најлошиот пласман на ФИФА ранг листата.
На сите им јасно дека со моменталниот избор на фудбалери, нашиот национален тим е светлосни години зад селекциите кои имаат реални шанси да бидат дел од најважниот фудбалски настан во 2026 година, но за среќа, младата репрезентација на Македонија докажа дека и големот сон може да стане јаве.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.