| четврток, 6 декември 2018 |

Почнуваат некрстените денови – до Богојавление не треба да ги правите овие работи!

%d0%b2%d0%be

Од денеска, па се до Богојавление на 19 јанураи траат т.н. некрстени денови.

Станува збор за верување според кое во ова време од годината, кога Исус се уште не бил крстен, земјата била отворена мртвите да излегуваат, а заедно со нив ѓаволите и другите демони.

Овие нечесни сили владеат од моментот на стемнување па до моментот на разденување. Поради тоа во народот се верува дека во овој период не треба да се излегува навечер, а ако баш мора со себе да се носи лук, крст или некој остар предмет. Се верувало дека во некрстените денови не се преде, не се ткае и не се пере. Надвор пак не се остава ништо бело, а посебно не детска облека бидејќи злите сили би можеле да им наштетат на децата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top