Во интервјуто за „Дневник“, објавено непосредно пред да го добие мандатот за составување влада од претседателот на државата Ѓорге Иванов, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ најави кадровски промени и освежувања.
-Да, планирам кадровски промени и освежувања. И тоа најмногу во т.н. трет ешалон. Одејќи во кампањата од место до место, увидов дека во многу места има оправдан револт од т.н. трет ешалон. Некои од нив се и предолго на иста позиција и почнале да се рутинизираат и да се однесуваат премногу бирократски. Ги загубиле жарот и енергијата. Има такви и во првиот и во вториот ешалон. Има и луѓе кај кои е видлив заморот. Има и такви што ги загубиле енергијата и високата мотивираност што ја имаа. Почнале премногу административно да одговараат, без да се потрудат да им помогнат на луѓето, туку само им даваат бирократски и административни одговори. Едноставно не „гризат“ како некогаш кога станува збор за работење, за помагање, за креативност во секојдневната работа, во борбата секој ден, односно и одново да се докажуваш. Имаат капацитет, имаат знаење, имаат искуство, и сè е тоа во ред. Но немаат жар, го немаат еланот од порано, не се максимално мотивирани, релаксирани се. Знаете, секој што не се бори за успех на институцијата што ја води, со ист елан, енергија, мотив, жар како да се бори за своја приватна фирма од која му зависи личниот опстанок, значи дека го достигнал зенитот и треба да се замени со некој друг, кој, можеби, во почетокот ќе е помалку искусен или ќе има нешто помалку знаење, особено она што се добива од искуството, од работењето, но ќе има жар, мотивираност, силна амбиција, ќе создаваат возбудлива атмосфера во институциите со кои раководат, ќе ги мотивираат и другите во таа институција, ќе ги раздвижат работите, ќе внесат свежина, чувство за секојдневно себе докажување и напредок, индивидуи и тим кои постојат за да создадат големи нешта и кој победува. На секое микрониво на раководење. Вакви промени ќе има многу, помал дел во првата, поголем дел во втората половина од оваа година. Ова потреба во најголем дел произлезе од одењето на терен оваа година и разговор со многу луѓе, компании или самите раководители на различни нивоа. И мои и на моите соработници теренски посети. Има и такви што треба да се сменат поради создадени лоши навики, грешки и пропусти во работата, и воедно да се даде шанса и на други од кои ќе се очекува уште поголем учинок и успех. Ова ќе биде континуиран процес, но годинава ќе има еден посилен бран освежувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација