| четврток, 6 декември 2018 |

Авганистанци напаѓале Австријки на Нова година

Шестмина Авганистанци се осомничени за сексуални напади врз жени на дочекот на Новата година во австриското зимувалиште Инсбрук, соопшти во понеделникот тамошната полиција.

Полицијата идентификувала група мажи на возраст од 18 до 22 години кои во Австрија пристигнале како бегалци, изјави шефот на полицијата Мартин Киршлер на прес-конференција.

Тие намерно ги допирале 18-те жени и девојки додека тие го славеле пречекот на Новата година во овој град во покраината Тирол. Еден од нив признал, додека другите изјавиле дека не се сеќаваат на ништо, додаде Киршлер.

Инцидентите се слични на оние кои се масовно се случија на минатогодината прослава во Келн и други германски и европски градови, кога беа обвинети големи групи имигранти од северноафриканските и блискоисточните земји за ограбување, сексуално напастување и силување стотици жени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top