| четврток, 6 декември 2018 |

Рускиот конзул починал од природна смрт

Kонзуларното одделение на Руската амбасада во Грција соопшти дека конзулот Андреј Маланин починал од природна смрт, пренесе ТАСС од руската амбасада во Атина.
-Амбасадата може да ја потврди смртта на шефот на конзуларниот оддел – рекол изворот за руската агенција.

Тој починал од природна смрт. Претходно, грчките медиуми јавија за смртта на руски дипломат. Според информациите од печатот, конзулот не дошол на работа во понеделникот. Подоцна, телото на рускиот дипломат било пронајдено во неговиот стан во Атина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top